Opel слави три светски премиери на овогодинешниот меѓународен авто саем во Франкфурт, кој за посетителите ќе биде отворен од 12 до 22 септември

На штандот на овој производител ќе бидат претставени рестилизираната Astra со високо ефикасни агрегати, Grandland X Hybrid4 со погон на сите тркала и новата, шеста генерација на Corsa во три верзии.

Покрај новата Corsa, на штандот на Opel ќе биде изложен и специјален гостин – Corsa GT од 1987 година во жолта боја, редок модел кој сведочи за 37-години забава и успех на автомобилот.

Овој не толку стар олдтајмер пристигнал од неговиот последен дом во Португалија до класичната работилница на Opel во Риелсхајм, од каде ќе се вози до саемските хали во Франкфурт, со цел да придонесе за традицијата и да го зајакне лансирањето на целосно новата Corsa, велат од компанијата

Доверлив Opel: 2.700 километри од Порто до Риселхајм преку Сарагоса

Требало доста време за одделот за класични возила на Opel да ја пронајде првата генерација Corsa GT. Првично регистриран во Шпанија, овој примерок бил оставен и заборавен во гаража во Португалија.

Corsa GT на пазарот бил нуденa од април 1985 година па се до есента 1987 година. Станува збор за наследникот на Corsa SR, со 1.3-литарска единица која развивала 70 КС. Дополнителната моќност и суптилни спојлери придонеле верзијата GT да биде „спортистот“ на првата генерација на Corsa – сè до пристигнувањето на GSi во 1988 година.

Corsa GT od 1987 година има едноставен кокпит. Освен вообичаените бројчаници, тука се и обртомерот и мерачот за притисок на маслото.

Потрошувачката на гориво одговара на официјалните бројки од тоа време – ретко кога троши повеќе од 6 литри на 100 километри. Тежината од 750 килограми е еден од главните „виновници“ за тоа.

По третманот во Опеловата работилница за класични возила, оваа Corsa GT сега е подготвена за својот втор живот, кој ќе започне во грандиозен стил – на 68-от меѓународен саем за автомобили во Франкфурт.

Овој свежо реставриран автомобил, посетителите ќе можат да го видат на штандот на Opel, а настанот ќе биде надополнет со светската премиера на шестата генерација на Corsa.