Погледнете што може да направи електричната G-класа / ВИДЕО
Искачувањето по скали не е никаков проблем, исто како и совладување на екстремните нагорнини со возење наназад
Ова се само дел од маневрите откриени во видеото објавено на каналот JerryRigEverything. Електричната верзија на G-Class или скратено EQG на пазарот треба да отвори сосема нова ниша на способни електрични теренци кои комбинираат луксуз и теренски способности со електричен погон.
Станува збор за прототип кој е снимен на полигонот Experience Center во Грац, Австрија, кој е целосно наменет за тестирање и демонстрирање на можностите на G-класата. Благодарение на концептот со четири независни електромотори, EQG ќе биде способен за таканаречен tank-turn маневар по углед на американските теренци кои „сакаат“ да се вртат во место, па и на страна (таканаречен crab-walk).
EQG има двостепен менувач, каде што во прва брзина може да ги совлада најтешките терени. EQG нема проблем контролирано да вози по екстремни удолнини, но и по скали, па дури и во рикверц.
Заедно со возењето надвор од патот, оптимизиран е и аспектот на аеродинамиката, па возилото добива додатоци кои го намалуваат отпорот на воздухот при возење. Резултатот, во комбинација со поголема батерија, би требало да биде прилично пристоен опсег, но тоа е само претпоставка.
Областа каде Mercedes не се „расфрла“ и не открива детали се оние поврзани со самиот погон. Значи, не знаеме какви се перформансите на овој модел, ниту колкав би можел да биде неговиот опсег, особено кога се вози надвор од асфалтот. Се знае дека еден електричен мотор е сосема доволен за да се вози EQG. Импресивно ако се земе предвид предвидената тежина од најмалку три тони.