Кратко видео објавено на Youtube открива како два автомобили Lada (еден со приколка) и стар Hyundai Santa Fe биле принудени да заобиколат противтенковски мини поставени на асфалтен пат. 

Според непотврдени информации, видеото е снимено во близина на Киев. Најверојатно мините се од типот ТМ-62 и во секоја од нив има околу 7,5 килограми експлозив.