BMW во Минхен го претстави спортскиот купе концепт Vision M Next Concept, кој е најава за иден продукциски автомобил на овој производител

По првата генерација на електрифицирани BMW модели од серијата „i“, Баварците подготвуваат нови автомобили со електрични погонски компоненти, а првиот чекор кон сериски модел секако е концептна верзија, која сугерира нов спортски модел со хибриден погонски систем.

Vision M Next Concept би можел да го наследи актуелниот хибриден BMW i8, но како автомобил со уште помоќен агрегат и перформанси – токму затоа и ознаката „М“ во името на концептот. Стилски, иако овој спортски концепт потсетува на i8, сепак, Vision M Next е значително побогат.

Покрај електрифицираниот погон, автомобилот, меѓу другото, донесува и систем за автономно возење и конективност. Во прилог на генералниот дизајн, боите на концептот дополнително ги акцентираат неговите стилски детали, а автомобилот не го изгубил препознатливот имиџ на BMW благодарение на карактеристичниот облик на предната маска. Атрактивните врати кои се отвораат нагоре само го надополнуваат „wow“ ефектот.

Погонот на M Next Concept е составен од 4-цилиндерски бензински и електричен мотор кои заедно како систем испорачуваат 600 КС. Автомобилот до стотка може да достигне за само 3 секунди, а максималната брзина е 300 km/h.

Возачот на располагање ја има функцијата BOOST+C која се активира со притискање на копче и која во клучните моменти обезбедува дополнително вбризгување на моќ. M Next Concept може да се вози и само на струја, со брзина до 100 km / h.

Внатрешниот стил очекувано е радикален. Системот за препознавање на лицето ги отвора вратите, а внатре пак, head-upдисплејот со проширена реалност, заоблениот централен дисплеј и елегантната арматурна табла го заокружуваат футуристичкиот амбиент.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1X2PYEiJoj456JfsOvlz5gUb6OwNIDxCQ” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]