
Почнува школската година: Возете внимателно!
Не мора да бидете родител за да ги сакате децата. Нивната безгрижност, разиграност, имагинација и недостаток на било какво животно искуство ги прави толку шармантни, неодоливи и највредни членови на заедницата
Токму затоа ги сакаме неизмерно. Токму затоа, поради истата причина, особено оние од најмлада возраст, се сосема непредвидливи. Колку тоа и да ни е интересно во секојдневниот живот, може да биде опасно во сообраќајот.
Никогаш не знаете кога истите деца, палави и разиграни, ќе им падне на памет од некаква причина да претрчаат на другата страна од улица.
Значи, полека! Ограничувањето на брзината околу училишта, градинки и други области каде што има многу деца е 30 km/h. Колку и да е ова нереално ниска брзина, треба да се почитува, бидејќи тоа е најсмислениот дел од прописите во сообраќајот.