По теркот на BMW и Mercedes: FIAT Fastback Concept / ВИДЕО
FIAT Fastback Concept спаѓа во категорија на возила како што се BMW X6 и GLE Coupe Mercedes
Fiat салонот за автомобили во Сао Паоло, на публиката и претстави концепт од својот прв купе-кросовер чија производствена верзија треба да се појави во 2020 година.
Концептот Fastback со својот преден дел потсетува на пик-ап моделот FIAT Торо, кој италијанскиот производител го претстави во 2015 година, исто така за пазарот во Бразил, додека гледано од позади моделот наликува на BMW X6 и Mercedes GLE Coupe.
Fastbacк првенствено е дизајнерска студија, чија цел е подготовка на јавноста за идниот производствен модел за Бразил и воопшто пазарот во Јужна Америка. Токму затоа италијанскиот производител не соопштува податоци за моторизацијата на автомобилот или какви било други технички детали.
Претставниците на Fiat на саемот во Сао Паоло најавија дека компанијата ќе инвестира 2,12 милијарди долари во модели за клиентите во Бразил во следните 5 години, а планот е лансирање на дури 15 модели до 2023 година.
Што се однесува до FIAT Fastback, за сериската верзија во салоните може да се очекува најрано 2020 година.