Веќе нема дилема дека сите големи производители на автомобили планираат цела гама на електрични возила за иднината, а исклучокот нема да биде ниту одделот за перформантни изведби на Mercedes, AMG.

Mercedes SLS Electric Drive

Запрашан дали мисли дека сите модели на AMG ќе станат целосно електрични, шефот на Одделот за истражување и развој во Mercedes, Ола Калениус, вели: „Зошто да не? Се уште не станува збор за официјален план на компанијата, но, се разбира, тоа е можно. Впрочем, веќе работевме на електричен AMG модел“.

Тука Калениус мисли на SLS Electric Drive, кој е произведен во помалку од 100 примероци и кој поседува четири електрични мотори кои произведуваат вкупно 740 КС.

Таа додава дека кога AMG започна да користи агрегати со турбополначи, сите мислеле дека тоа е крај за AMG, но сега речиси никој не се жали поради тоа. Таа исто така вели дека луѓето во компанијата го сакаат звукот на V8 моторите, но и електричните автомобили, исто така, можат да бидат возбудливи.

Сепак, додека не се случи ова, Mercedes AMG е зафатен со работа на проектот со т.н. „моќни хибриди“, кои ќе користат батерии за поголема моќност. Овие модели ќе користат 4-цилиндерски V8 twin-turbo агрегат кој веќе е докажан во многу модели. Имено, Германците сакаат да извлечат повеќе енергија, а новите хибридни модели ќе имаат и до 805 КС. Првиот од нив ќе AMG купе со пет врати.

Калениус, исто така, вели дека новите хибридни AMG модели од серијата 53, кои официјално беа претставени на салонот во Детроит, наскоро ќе ги заменат моделите од серијата 43, а придвижувани од V6 twin-turbo мотор.