Ако планирате да застанете на бензинска пумпа, застанете и оставете го моторот да работи некое време

Ако патувате на одмор, возите долго време, се качувате по планини, автомобилот полн со товар, патници … најнездрава работа за моторот е да застанете некаде и веднаш да го исклучите. Ако планирате да застанете на бензинска пумпа (или кога ќе пристигнете на вашата дестинација), застанете и оставете го моторот да работи некое време. Во спротивно може да дојде до оштетувања кои со текот на времето можат да станат сериозни. Имено, може да дојде до благи деформации на главата на цилиндарот.

На турбополначот може да останат нечистотии, но може да се запушат и каналите за подмачкување со масло што доведува до дефект на турбополначот. Исто така, може да дојде и до проблеми во дистрибуција на маслото во моторот. Турбополначот се загрева до 1000 степени и дефинитивно е добро пред гасење на моторот да се остави да работи некое време и да се оладат некои клучни делови на моторот.