Кинеската автомобилска индустрија бележи драстичен напредок, но сепак им недостасува имагинација во однос на дизајнот

Кинезите сакаат да копираат производи од запад, а тоа е особено забележливо во автомобилската индустрија. Во исто време, тие немаат срам или почит кон некои класици, така што сè е копирано, од Rolls-Royce до Porsche.

Се започна на почетокот на милениумот кога социјалните мрежи беа преплавени со кинески копии на популарни модели од Западот. Имаше сè, од копии на малиот Matiz и Smart до BMW X5. BMW тужеше, а тоа го стори и Land Rover гледајќи го Landwind X7, очигледна копија на Range Rover Evoque.

Најнови примери се Beijing BJ80 како копија на Г-класата и неверојатниот Suzhou Eagle Carrier со преден крај од Ферари и заден крај од Porsche.