Под хаубата нема промени односно B8 Gran Coupe користи модифицирана верзија на 4.4-литарскиот твин-турбо V8 на BMW

Пред околу една недела, BMW го претстави освеженото семејство од Серија 8, кое ги вклучува новите Coupe, Cabriolet и Gran Coupe. Alpina сега ја претстави својата верзија на B8 Gran Coupe, која ја следи истата насока на мали промени како и кај Баварците. Продажбата ќе започне во јули годинава по почетна цена од 1 милион куни.

Кога станува збор за визуелните модификации, скоро и да нема што многу да се спомене. B8 Gran Coupe добива нова осветлена решетка на предната маска и ексклузивна зелена и сина надворешна завршница. Алтернативно, клиентите на Alpine можат да избираат помеѓу широкиот спектар на бои на BMW и BMW Individual. Фелните со 20 краци се стандардни кај Alpina и доаѓаат со предни гуми 245/35 ZR21 и задни гуми 285/30 ZR21 (Pirelli). Достапен е и втор сет од 20-инчни тркала со ист дизајн, но, со зимски гуми.

Во внатрешноста доминира истата поставка со двоен екран како и освеженото семејство од серијата 8. B8 Gran Coupe стандардно доаѓа со нов 12,3-инчен Live Cockpit Professional дисплеј кој го заменува стариот дигитален инструмент од 10,25 инчи. Осветлените прагови на Alpina и контролорот iDrive изработен од кристално стакло со врежано Alpine лого и даваат на кабината попрефинет изглед. Конечно, производителот наведува дека секој волан е рачно доработен со природна кожа.

Под хаубата нема промена каде B8 Gran Coupe користи модифицирана верзија на 4.4-литарскиот твин-турбо V8 на BMW. Со поставките, тој испорачува 621 КС (457 kW) и вртежен момент од 800 Nm, кои се пренесуваат преку 8-степен автоматик. B8 Gran Coupe од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,4 секунди, на пат до максималната електронски ограничена брзина од 324 km/h.

Доколку стандардните комбинации на бои и материјали достапни за ажурираниот B8 Gran Coupe не одговараат на вашите потреби, Alpina со задоволство ќе ви понуди безброј опции за прилагодување… Надворешни бои, опциит за кожа и внатрешни украси кои може да се одредат во работилницата на Alpina.