Volvo задниот погон го подготвил за освежените модели со електричен погон, XC40 Recharge и C40 Recharge

Во шведската автомобилска компанија Volvo решија по 25 години пауза повторно да имаат модели со заден погон во понудата, а честа да бидат први „повратници“ им припаѓа на пристојно освежените модели XC40 Recharge и C40 Recharge. , каде што зборот „Recharge“ сугерира дека тие се движат само со електрични мотори.

Volvo со двата RWD (Rear Wheel Drive) модела, подготвил и две погонски опции. Основната верзија се напојува од еден електромотор кој развива 238 коњски сили и се напојува од батерии со капацитет од 69 kWh, а со еден електромотор има и помоќна верзија со 252 КС и поголем капацитет на батерија (82 kWh).

Според стандардот WLTP, послабата верзија со едно полнење на батеријата може да помине до 460 километри или 470 километри во каросериска опција C40, а помоќната до 520 километри (530 километри во верзијата C40). Забрзувањето од 0 до 100 km/h и максималната брзина во двата случаи се исти: 7,4 секунди и 160 km/h.

Од Volvo велат дека се потребни 34 минути за полнење на батериите со помал капацитет (од 10 до 80 проценти) на јавни полначи (130 kW), а батериите со поголем капацитет (82 kWh) сега може да се полнат на полначи до 200 kW. Во овој случај, полнењето од 10 до 80 проценти трае 28 минути.

XC40 Recharge и C40 Recharge во комбинација со два електрични мотори и погон на двете оски (AWD – погон на сите тркала) носат со себе батерии од 82 kWh кои обезбедуваат до 500/510 километри со едно полнење (XC40/C40). Повеќе од 400 КС и 660 Nm вртежен момент се доволни за XC40 да забрза од 0 до 100 km/h за 4,9 секунди. C40 е побрз за 0,2 секунди, а максималната брзина и во двата случаи е 180 km/h.