
Пневматици за автономните летечки возила на иднината / ВИДЕО
Goodyear на тековниот авто салон во Женева изненади со својата најнова концептна гума Aero која претставува граница во развојот на автономни летечки возила
Гумата на иднината е визионерски дизајнирана како мултимодален ротор кој овозможува возење по патот и истовремено летање на возилото во воздухот.
Компанијата Goodyear со својот визионерски концепт Aero реагира на современите предизвици на сообраќајното оптоварување во градовите. Благодарение на двојната функционалност, овие пневматици би биле погодни за возење по пат и за летање во воздух, при што гумите ќе работат како пропелери односно во класична положба, би служеле како погонски систем за пренесување и апсорпција на силата на патот и од патот, додека во летачката положба тие би дејствувале како погонски систем за сигурно полетување.
Крилцата на уникатните безвоздушни пневматици на патот би обезбедувале доволно потпора и би ја носеле тежината на автомобилот, додека во позиција за летање би служеле како лопатки на ротор за полетување.
Непневматската конструкција на пневматикот би била доволно еластична со цел да се намалат ударите по должината на патот и истовремено доволно јаки да се вртат со брзина која на роторите им овозможува вертикално подигнување.
Во исто време со користење на магнетна сила концептниот пневматик Aero би обезбедувал погон без триење, што би овозможувало доволно голема брзина на ротација за возење по пат и полетување и летање во воздух.
Со користење на оптички светлосни сензори, гумата ќе ги следи условите на патот како и абењето и исправноста на сопствената структура.
Во концептниот пневматик Aero ќе биде инсталиран и процесор со вештачка интелигенција кој ќе ги обединува податоците од оптичките сензори со податоците добиени од комуникацијата на возилото со инфраструктурата и други возила, ќе ги анализира и ќе препорача одреден курс на дејствување.
Така, возилото би се прилагодувало или на режимот на летање или на начинот на возење по пат, а евентуалните проблеми со пневматиците ќе бидат решени пред и да се случат.
И покрај тоа што визионерскиот пневматик Aero постои само во концептна форма, некои од неговите карактеристики, како што се безвоздушната структура и интелигентните перформанси, веќе се предмет на понатамошен развој на компанијата Goodyear.
Истовремено и другите споменати предности на пневматикот Aero раѓаат нови идеи за развој на пневматици и технологии за мобилност во иднината.