Пловечки суперлуксузен станбен блок во најава
Британската компанија Storylines неодамна претстави нова визија за луксузна наутика, која се огледа во пловечкиот луксузен станбен блок вреден околу 500 милиони евра.
Презентираниот брод во работната фаза го носи името „Narrative“, а ќе располага со 547 станбени единици кои ќе имаат од една до четири спални соби.
Најскапиот пловечки стан ќе чини околу 7 милиони евра, а жителите ќе имаат на располагање дваесетина ресторани и барови, пет базени, фитнес центри, продавници и рекреативен центар на плажа.
Станбениот брод ќе ја обиколува земјината топка на секои 1.000 со неколкудневен престој во секое место што ќе му се најде на патот. Сите сопственици ќе можат да се качат на бродот во кое било пристаниште, или да го издаваат својот подвижен имот.
„Narrativе“ барем како што стојат работите сега, ќе се гради во Хрватска, а изградбата треба да започне следната година.