Планот на Audi е 800.000 EV возила годишно до 2025 година
Германскиот Audi го претстави деталниот план за својот EV сектор во следните неколку години, а клучниот детал е целта од 800.000 продадени единици годишно до 2025 година
Како пример, Audi минатата година продал 16.000 електрични автомобили. Германците очекуваат нивните електрични и хибридни модели да добијат оперативен профит од една милијарда евра до средината на следната деценија.
Откако веќе го претстави e-tron Sportback за 2019 година, Audi ќе го промовира и својот трет e-tron модел, спортски седан GT, кој во производство ќе влезе од 2020 година, а на 30-ти август во Брисел своја продукциска верзија ќе добие e-tron concept.
Благодарение на Volkswagen платформата MEB која е развиена во соработка со Porsche, Audi има дури и поамбициозни планови за во иднина. Лансирање на 20 електрични модели, барем по еден во секоја класа.
Продукциската верзија на E-Tron треба да има опсег од 400 километри, благодарение на литиум-јонска батеријата од 95 kWh, која ќе се полни за само 30 минути благодарение на моќни станици, за кои Audi ветува дека ќе изгради скоро 200 такви со по шест полначи во Европа до крајот на оваа година.
Овие полначи треба да бидат изградени во интервали од 120 километри на автопатишта и важни транспортни правци на „стариот континент“ до 2020 година.