Еден од најпосакуваните градски автомобили – новото Peugeot 208, го очекува својот среќен добитник!

„Веро ве изненадува и со Peugeot ве наградува“ е големата наградна игра на маркетите „Веро“ во која потрошувачите имаат шанса да освојат многу вредни награди. Соработката помеѓу „Еуроимпекс“, генералниот увозник за  брендот Peugeot и маркетите „Веро“, ќе го израдува најсреќниот добитник со новото Peugeot 208 во промотивната жолта Faro боја.

Автомобилот кој ја освои престижната награда „Автомобил на годината во Европа за 2020 година“, Red Dot наградата во категоријата Product Design за 2020 година, а да не го заборавиме и тимот кој стои позади новото Peugeot 208 и ја доби Eurostars 2019 наградата од Automotive News Europe за патничко возило за 2019 година.

Новото Peugeot 208 го истакнува својот младешки дух со својата карактеристична спортска линија. Неговиот моќен дизајн ќе ве освои на прв поглед. Овој градски автомобил ви дава слобода на избор на бензински, дизел и електричен мотор.

За повеќе информации за новото Peugeot 208 посетете ги следниве линкови: преземи каталог , преземи ценовник ,  закажи тест возење.

Наградната игра е во тек и ќе трае до 31 јули 2020 година.

Ви посакуваме многу среќа!

(ПР текст)