Многу од водечките производители на автомобили имаат оддели кои се задолжени за реставрација на класични модели наменети за музејски изложби или со цел да ги задоволат каприците на побогатите клиенти

На Land Rover, Jaguar, Mercedes-Benz, BMW, Porsche… сега им се придружува и францускиот Peugeot, кој годинава го слави својот 210-ти роденден, иако производството на автомобили не е прва работа на компанијата.

По тој повод, во работилниццата на музејот на Peugeot, кој се наоѓа во Сошо, ќе бидат реставрирани неколку автомобили, а по завршувањето на процесот, обновените примероци ќе добијат сертификат за автентичност, по што ќе бидат ставани на продажба.

Првиот автомобил кој влегува во проектот ќе биде култниот hot hatch Peugeot 205 GTi со 1.9-литарски атмосверски мотор и 128 КС. Според тврдењата на француската компанија, можноста за реставрација на класичните возила се појавила благодарение на залихите резервни делови зачувани од здружението L’Aventure Peugeot, во текот на претходните неколку години.

Доколку се случи неопходен дел да не е достапен на залиха, ќе може да се нарача и изработи релативно лесно со употреба на 3D печатачи. Peugeot планираше да лансира онлајн платформа за продажба на реставрирани возила следната година, при што ќе бидат објавени откупните цени на понудените артикли.