Првиот модел на кој ќе биде поставено новот лого е новиот 308

Францускиот Peugeot може слободно да се каже е еден од глобалните лидери кога станува збор за електрификација. Компанијата подготвува и нов хибриден тркачки автомобил за 24 Le Mans, а во меѓувреме се обидува да заземе малку повисока позиција на пазарот.

Со основањето на Stellantis, Peugeot ја презеде водечката улога заедно со Opel во рамките на новоформираниот производител. За подобро да го рефлектира овој чекор, Peugeot штотуку го претстави своето ново лого и идентитет на марката. Пред нас е единаесеттото лого на марката во нејзината историја.

Новото и ажурирано лого со лавот на него воведува нов визуелен идентитет за Peugeot, со фокус на минимализмот и поголема елеганција. Сепак, компанијата не преминува на таканаречениот „рамен дизајн“, кој во моментов е популарен кај брендовите како BMW и Volkswagen. Тука е и новиот поедноставен фонт.

Новото лого ќе биде присутно на скоро сè што е поврзано со брендот, почнувајќи од неговото присуство на Интернет. Сајтовите за клиенти на Peugeot исто така имаат нов дизајн, за кој се вели дека е поинтуитивен, поедноставен и посеопфатен. Процесот на продажба преку Интернет сега се опишува како „пофлуиден“. Новото лого ќе се најде и на салоните на Peugeot, маркетинг материјалите, социјални мрежи…

Првиот вистински производ кој ќе го носи новото лого ќе биде следната генерација на Peugeot 308. Пемиерата на компактниот модел е закажана за 18 март, така што нема да помине долго додека не го видиме новото лого на еден модел на марката.