Шестото издание на Business Trophies 2021 се одржа во Париз на иницијатива на магазинот Kilomètres Entreprise

Peugeot e-208 ја освои првата награда во категоријата „Electric Business 2021“. Наградите се доделени од жири составено од четиринаесет новинари, од кои 12 од редакцијата на Kilomètres Entreprise. Станува збор за девет „бизнис-трофеи“, за вкупно 79 возила избрани помеѓу иновативните креации, што ги исполнуваат критериумите за професионална употреба во компаниите. Во категоријата Electric Business за 2021 година, Peugeot e-208 со освоени 20 поени е победник во конкуренција на 12 кандидати.

Peugeot 208 е веќе добитник на 26 награди од неговото лансирање во октомври 2019 година, вклучувајќи ја и наградата за „Автомобил на годината во 2020 година“. Новиот Peugeot 208 ги вклучува најновите стилски кодови на брендот, особено со иновативниот Peugeot i-Cockpit® со 3D-инструмент табла, при тоа безбеден и естетски.

Моделот овозможува „слобода на избор“ на идните клиенти, бидејќи нуди верзии со три различни мотори: електричен, бензински и дизел.

„ Многу сме горди што Peugeot e-208 е признат како најдобро деловно електрично возило на годината. Стратегијата на брендот за создавање производ на оваа мулти-енергетска платформа е наградена и дозволува Peugeot 208 да биде препознатлив по неговите внатрешни квалитети. Имаме амбиција да го зголемиме обемот по оваа година на целосна комерцијализација. Peugeot e-208 има најдобри трошоци за употреба во својата категорија и ние мора да продолжиме да напредуваме за да достигнеме пазарен удел со Peugeot e-208 повисок од оној на Peugeot 208 со мотор со внатрешно согорување, вели Hugues de Laage, B2B менаџер за продажба во Франција“.