Пет работи кои никако не се споменуваат кога се купува автомобил
Квалитетните користени автомобили се скапи, а новите, сосема логично, уште поскапи
Купувањето автомобил е сериозна инвестиција, за многумина можеби и најголемата во животот. Целиот процес на купување може да биде тежок, особено ако сте финансиски ограничени, а повеќето луѓе се.
Купувањето автомобил често е борба помеѓу купувачот и продавачот. Купувачот сака да добие што поголем попуст, а продавачот да заработи што повеќе пари.
Ако сакате што е можно поевтино да пројдете при купување, има неколку едноставни совети што треба да ги следите.
Никогаш не смеете да го кажете ова:
Ми се допаѓа овој автомобил.
Ако го кажете ова на продавачот, тој ќе му даде поголема вредност на автомобилот бидејќи ќе игра на вашите емоции. Затоа е најдобро да не покажувате никаква емоција или заинтересираност.
Добро заработувам
Има нешто што се нарекува „дискриминација во цената“. Истиот автомобил продавачот на различни купувачи ќе го понуди по различни цени. Не мора да кажувате што правите или колку заработувате.
Сакам месечна рата не повеќе од 200 евра
Ова е нешто што продавачот исто така не треба да го знае, барем додека не дојде време. Продавачите често вметнуваат податоци за месечната рата за да ги збунат купувачите во врска со вистинската цена. Така можат поскап модел да го прикажат како поевтин. На крајот на краиштата, не е исто да се отплати автомобил преку месечни рати од 3,5,7 или повеќе години. Така поскап автомобил може да изгледа поевтино заради помалата месечна рата, која потоа се плаќа подолго, а не треба да се заборават и каматите.
Кога некој ќе ве праша колку сте подготвени да издвоите месечно, кажете дека сè уште размислувате и гледате што се нуди и по кои цени.
Колку пари ќе добијам ако заменам стар за нов автомобил?
Ако размислувате за замена на возило, не го споменувајте тоа сè додека не ја утврдите цената на автомобилот што ви се допаѓа. Купувањето и замената старо за ново се две различни трансакции.
Продавачот на автомобили ќе ја промени својата стратегија, како и цената, ако знае дека планирате да го замените старото возило со ново.
Ако договорите добра цена, постои голема шанса дека таа ќе биде уште пониска ако во договорот го уфрлите и вашиот стар автомобил.
Плаќам во готово
Повеќето луѓе немаат вишок пари во џеб за да го платат автомобилот во готово. Всушност, повеќето луѓе кои купуваат автомобил се потпираат на некој вид кредит.
Не мора веднаш да откриете како ќе го платите автомобилот бидејќи тоа исто така може да влијае на цената. Се разбира, негативно за вас. Но, понекогаш може да резултира и со значително пониска цена, бидејќи сите сакаат пари во готово. Сепак, пред да прозборите за оваа тема, прво испитајте го „теренот“.