Continental GT Speed извлекува поголема моќност 6-литарскиот W12 мотор или дури 24 КС повеќе од стандардниот модел

Новиот Bentley Continental GT Speed дефинитивно ​​е најдинамичниот патнички автомобил во 101-годишната историја на компанијата. Speed извлекува уште поголема моќност 6-литарскиот W12 мотор на Continental GT, додава рамнотежа преку погонот на сите тркала и напредните поставки на суспензијата и изгледа уште поостро со ажурирана надворешност и сосема новата значка „Speed“.

Во центарот на вниманието е монструозниот 6.0-литарски W12 со двоен турбополнач. Таквиот мотор генерира 650 коњски сили и 900 Nm вртежен момент, што е зголемување за 24 коњски сили во однос на обичниот Continental GT. Оваа дополнителна моќност дозволува GT Speed ​​до 100 km/h да стигне за 3,5 секунди, што е за 0,1 секунда побрзо од стандардниот модел. Максималната брзина е 335 km/h.

Bentley го освежил 8-брзинскиот менувач со двојна спојка за да реагира побрзо и со поголема агресија, што особено треба да се чувствува во спортски режим. Освежениот менувач наводно ги менува брзините двапати побрзо од оној во стандардниот Continental GT. Суспензијата и управувачот исто така се темелно редизајнирани.

Тука е новата функција за електронско управување со погонот на сите четири тркала што ја подобрува подвижноста со поместување на предните и задните тркала во спротивни насоки при умерени брзини, додека функцијата при поголеми брзини е оневозможена поради стабилноста на автомобилот. Во комбинација Bentley Dynamic Ride функцијата и диференцијалот со ограничено пролизгување, Bentley вели дека овој Continental GT Speed ​​е најагилниот Continental досега.

Визуелно, Continental GT Speed ​​нуди суптилно поагресивен изглед од конвенционалниот GT модел. Решетката, влезовите за воздух од долниот браник и страничните прагови се со таканаречена завршница Dark Tint. Хромираната ознака Speed го краси предниот браник, а тркалата од 22 инчи со стандардна светло сребрена завршница (со можност за избор на темна нијанса или сјајна црна боја) изгледаат одлично. Сличен агресивен изглед се пренесува и во салонот, со уникатна двобојна кожа и Алкантара која ги покрива седиштата и воланот. Клиентите можат да изберат помеѓу 15 основни и 11 секундарни бои за надворешноста.

Новиот Bentley Continental GT Speed ​​треба да се најде во продажба кон крајот на оваа година. Компанијата сè уште нема објавено информации за цените, но се очекува значително зголемување во споредба со стандардните GT модели V8 и W12.