Причината е банална – на предните седишта освен сигурносни ремени има и фронтални воздушни јастуци

Новото истражување на американскиот институт IIHS базирано на податоците за жртвите при челен судир, покажува дека патниците на задните седишта во патнички автомобили се помалку заштитени од оние напред. Ако порано како главна причина за смрт или тешки повреди се сметаше тоа дека патниците на задното седиште често не ги ставаат безбедносните ремени, сега податоците велат дека дури и оние кои го тоа го прават често се здобиваат со потешки повреди и од возачот и сопатникот до него.

Причината за ова е банална – напред има не само безбедносни ремени, туку и фронтални воздушни перничиња. Добро опремените автомобили исто така имаат затегнувачи на ремените и ограничувачи на потисок кои заедно овозможуваат човечкото тело да се задржи во вистинската положба. Позади, дури и кај премиум моделите, често има само ремени и странични завеси за заштита од странични удари или превртување, но не и при челни судири.

Експертите од IIHS установиле дека ремените се најголема закана за патниците одзади, бидејќи при челен удар често создаваат прекумерен притисок на градите и во 45% од случаите предизвикуваат повреда фатална по живот. Клучен фактор е тежината на патникот – од анализата на 117 случаи, сите деца под 9-годишна возраст се преживеани, бидејќи биле правилно прицврстени во детските седишта.

Ова не значи дека патниците позади не е неопходно да ги користат безбедносни ремени. Оваа студија покажува дека кога автомобилот е полн со патници, возачите не смеат да возат над дозволената брзина, а производителите на автомобили – да посветат поголемо внимание на патниците на задните седишта.

Факт е дека има напредок во таа насока. Ford и Mercedes, на пример, нудат сигурносен појас на надувување кој подобро ја дистрибуира силата на ударот врз телото и градите. Вистина е дека во овој случај балансот има многу битна улога, бидејќи во случај на лабав ремен постои опасност од повреда на главата поради удар во некој од елементите во салонот.

Производителите на автомобили бараат аналози на предните воздушни перничиња, како на пример такви што излегуваат од покривот. Засега, такви системи не постојат во стандардните автомобили, поради што IIHS предлага воведување на посебен тест за несреќа за да се процени безбедноста на задните седишта за да се натераат производителите на автомобили брзо да ја воведат оптималната технологија.