Панорамскиот покрив повеќе нема да биде опасен
Панорамскиот покрив иако е еден од омилените додатоци за автомобилите, многумина возачи го избегнуваат поради опасноста по патниците во случај на несреќа
Затоа Hyundai ќе се обиде да стави крај на овој ризик, произведувајќи го првото воздушно перниче за стакло на покривот од автомобилите.
Јужнокорејската компанија тврди дека станува збор за првата воздушна перница за слични цели воопшто во автомобилската индустрија.
Решението на Hyundai вклучува воздушна перница инсталирана во механизмот на панорамскиот покрив, која ќе се активира ако сензорот во возилото детектира превртување на возилото во случај на несреќа.
Перницата ќе се отвора од задниот дел на панорамата и ќе се шири нанапред, покривајќи го целиот дел за само 0,08 секунди.
Од Hyundai тврдат дека овој систем ќе спречи излетување на патниците од возилото додека се превртува, со што ќе се намали ризикот од сериозни повреди.
Сепак, јужнокорејскиот гигант не објави кога планира да го претстави овој безбедносен систем во своите возила.