Проектот наречен Dutch reach би можел да спаси многу животи

Ако живеете во град, веројатно знаете какви опасности демнат, особено кога возите, без разлика дали станува збор за автомобил или велосипед.

Често доаѓа до несреќи кога велосипедистите се заглавени помеѓу паркирани возила и активен сообраќај, па ќе налетаат на отворена врата … Во Чикаго слична несреќа во 2011 година се случувала секој ден.
Прашањето е што да направите за вакви несреќи да не се повторуваат?

Постои движење наречено Dutch reach, што може да спаси многу животи – се што е потребно е да ја отворите вратата на автомобилот со десната рака.

Овој совет доаѓа од Холандија. Ако седите на возачкото седиште, отворете ја вратата со раката што не е близу до вратата, значи десната. Заради тоа ќе треба малку да го свртите вашето тело, да погледнете во ретровизорот, бидејќи ќе ви биде во линија, па затоа може да видите велосипедист кој доаѓа во вашата насока и можеби спречите несреќа.

Изгледа едноставно и функционира. Вреди да се проба, зарем не?!