Паметниот концепт на Škoda со седум седишта како најава за новиот дизајнерски идентитет на марката
Škoda со цртеж објави како ќе изгледа внатрешноста на нов концептен модел
Škoda моментално работи на својот нов дизајнерски идентитет, кој најверојатно ќе дебитира во новата генерација на Superb следната година. Концептниот модел Vision 7S ќе послужи како најава за новата дизајнерска насока, која ќе биде претставена за неколку недели (тоа е претпоставка бидејќи Škoda не објавила точен датум).
Како ќе изгледа и како ќе биде конципирана внатрешноста на нов концептен автомобил од Škoda најави преку цртеж. На цртежот изгледа дека Vision 7S има распоред на седишта 2+2+2, но всушност станува збор за автомобил со седум седишта кој ќе понуди многу високо ниво на приспособливост, а цртежот покажува уште една Simply Clever идеја со вградено детско седиште. Седиштето се поставува на најбезбедното место во автомобилот.
Освен седум седишта, новиот концепт на Škoda ќе има огромен стаклен покрив и кокпит кој е многу сличен на оној на сегашниот Enyaq, но со повеќе физички копчиња.
Се уште не е познато дали Škoda во иднина ќе го претвори Vision 7S во сериски модел.