Овој McLaren чини 415 евра
McLaren го претстави својот „нов“ целосно електричен Senna модел
Станува збор за детска верзија на суперавтомобилот со истото име. Електричното возило има работни светла, зелени „дискови за сопирање“ и звучен систем што наликува на вистински автомобил.
Цената од 415 евра го прави најприфатливиот производ на Mclaren по чаша за кафе и сендвичи од продавницата во Вокинг. Автомобилчето е дизајнирано за деца на возраст помеѓу 3 и 6 години, што секако не е пречка во него да позира еден врвен F1 возач како Ландо Норис.
Секој „млад шофер“ на возилото може да избере помеѓу неколку звуци од аудио системот – еден е на вистинскиот V8 мотор во Senna, но инженерите имаат обезбедено и USB приклучок.