Овој Citroen мами погледи, а наскоро ќе биде достапен и во продажба / ФОТО+ВИДЕО
Ретрото е дефинитивно во мода, а очигледно тоа многу добро го знаат во Citroen
Во минатото францускиот производител имаше голем број врвни достигнувања, па не е ни чудо што на таква основа можат да се создадат нови ремек-дела. Потребна е само малку желба, но и за момент да се симнат наочарите кои одблиску читаат само работи поврзани со профитот.
Овој убавец е создаден во соработка со италијанскиот каросерист Caselani, за да се оддаде почит на 2CV Fourgonette. Резултатот е доставно комбе со оригинален изглед кој ќе се најде во продажба од 1 октомври.
Верувале или не, основата е стандарден модел на Citroen. Станува збор за Berlingo кој како донор стигнал во работилницaта на италијанскиот мајстор за дизајн. Сменета е каросеријата за да не врати во далечната 1951 година, и тоа во секој детал – од предната решетка и тркалезните светла, преку калниците до коригираните страни и малата точкаста расвета и овалните прозори одзади.
Сепак има и некои разлики. Оваа реинкарнирана верзија нема делови од хром, но деталите се обоени во бело. Веројатно како контраст на бојата на телото.
Употребливоста на практичноста на 2CV Berlingo Fourgonette е навистина голема. Нуди околу 4.4 кубни метри товарен простор и може да носи до еден тон товар. Се нуди во сите три верзии, вклучувајќи ја и електричната.