Сопственик на Audi Q4 е-tron добил неочекувана порака на екранот од инфо-забавниот систем откако притиснал копче на инструмент таблата за функција што не ја купил. 

На Reddit е објавено видео на кое се гледа како возачот го притиска копчето за контрола на климата само за да ја добие пораката „Оваа функција не е купена“.

Audi во САД и Обединетото Кралство нуди тризонска клима во основната верзија, но во Данска, од каде што е овој сопственик, тризонската клима чини дополнителни 678 евра.

Сопственикот не доплатил, но не очекувал дека ќе добие порака доколку се обиде да го притисне копчето. Некогаш производителот ќе оставеше само празно копче каде функцијата треба да се наоѓа во повисоките нивоа на опрема, но се чини дека во Audi одлучиле на поинаков начин да им покажат на возачите што им недостасува.

Очигледно сопственикот знаел дека опцијата не е достапна затоа што го нарачал возилото како ново. „Празните прекинувачи не се груби“, напишал тој на Reddit. „Оваа ме потсетува дека сум скржав. 

Објавата можете да ја погледнете на следниот линк.

Покрај тоа што е иритирачка, пораката може да се протолкува и како пропуштена можност Audi да продаде нешто дополнително. Многу нови возила се способни да добиваат ажурирања преку Интернет, а на ова Q4 е-tron можеби му недостасувал само еден код за да ја добие функцијата. Кој знае, ако пораката била пољубезна, можеби возачот би бил во искушение.