Ова се најпродаваните plug-in хибриди во Европа во 2020 година
Во текот на 2020 година, на Стариот континент се продадени 507.059 автомобили кои припаѓаа на сегментот plug-in хибриди, што претставува зголемување од 262% во споредба со резултатите од 2019 година
На врвот од листата најпродавани е Mercedes A250e, кој успеа да забележи 29.436 регистрации, следен од Volvo XC40 PHEV со испорачани 28.254 единици и Mitsubishi Outlander PHEV на третото место со испорачани 27.388 возила
Најдобрата петорка ја дополнуваат Volkswagen Passat GTE на четвртото место со 26.700 и BMW 330e на петтото место со 26.180 продадени единици.
Веднаш по најпродаваните пет модели е уште едно Volvo, овој пат XC60 во plug-in хибридно издание. Шведскиот теренец стигнал до 24.785 клиенти.
Проблематичниот Ford Kuga PHEV, кој минатата година доживеа огромно отповикување на глобално ниво, поради проблеми со самозапалување на батеријата, стигна 22.849 клиенти во Европа, додека Mercedes GLC 300e индексирал 21.286 продадени единици.
Бројни експерти предвидуваат дека и оваа година на Стариот континент продажбата на plug-in хибриди ќе бележи голем раст, впрочем исто како и продажбата на автомобили со батерии.