Ова се најпопуларните електрични автомобили!
Статистиката се базира на корисничките пребарувања на интернет пребарувачот Google
Компанијата за лизинг на електрични возила Gridserve ги анализирала податоците од пребарувањата на Google и по тој основ ги идентификувала најпопуларните електрични возила. Рангирањето се базира на пребарувањата за електрични автомобили за изминатата 2022 година.
Што се однесува до САД, во 41 држава, Tesla Model 3 е лидер во пребарувањата на Google. Електричниот автомобил останува еден од најпопуларните во светот.
Потенцијалните купувачи често се заинтересирани за разликите помеѓу Tesla Model 3 и поскапиот кросовер Model Y. Статистиката на продажбата покажува дека двата автомобили се продаваат исклучително добро во САД.
Компанијата за лизинг на електрични возила Gridserve истакнува дека имало речиси 20.000.000 пребарувања на Google за Tesla Model 3 во 2022 година, што го прави најпопуларниот електричен автомобил на глобално ниво. Само во Велика Британија, електричниот автомобил е пребаран 6.000.000 пати.
Tesla Model 3
По американскиот Tesla Model 3 според интересот на корисниците на најпознатиот интернет пребарувач, најпопуларно е производството на Корејците. Hyundai IONIQ 5 и KIA EV6 се двата најпопуларни електрични автомобили, рангирани зад Model 3.
Од 213 анализирани земји, најпопуларни се електричните автомобили од 32 различни производители. Еве кои се тие:
Електричен модел | Пребарувања на глобално ниво (базирано на 2022 Google Keyword Planner data) |
Tesla Model 3 | 19.989,872 |
Kia EV6 | 15.815,185 |
Tesla Model Y | 13.908,451 |
Hyundai IONIQ 5 | 12.689,787 |
Tesla Model S | 11.459,099 |
Porsche Taycan | 10.511,286 |
Tesla Model X | 9.535,778 |
Polestar 2 | 8.212,142 |
Lexus RZ | 7.186,840 |
BMW i4 | 7.063,510 |