На тековниот Салон за автомобили во Франкфурт е објавен списокот на модели кои влегуваат во трката за престижната награда „Светски автомобил на годината 2020“.

Изборот на Глобален автомобил на годината за 2020 година започнува веднаш по настанот во Франкфурт. Во текот на следните шест месеци, 80 истакнати автомобилски новинари ќе ги возат и тестираат сите возила од списокот за да ја утврдат прво потесната листа, а потоа и конечниот победник. Како потсетување, освојувачот на оваа престижна награда за 2019 година е Jaguar I-Pace.

Ова е листата на кандидати за Светски автомобил на годината 2020:

Cadillac CT4
DS 3 Crossback
DS 7 Crossback
Ford Escape/Kuga
Ford Explorer
Hyundai Palisade
Hyundai Sonata
Hyundai Venue
Kia Seltos
Kia Soul EV
Kia Telluride
Range Rover Evoque
Mazda CX-30
Mazda 3
Mercedes-AMG A35/A45
Mercedes-AMG CLA35/45
Mercedes CLA
Mercedes GLB
Mini Cooper SE
Opel Corsa
Peugeot 2008
Peugeot 208
Renault Captur
Renault Clio
Renault ZOE R135
Seat Tarraco
Škoda Kamiq
Škoda Scala
SsangYong Korando
Volkswagen Golf
Volkswagen T-Cross

Loading...