Осмата генерација на пик-ап модел Toyota Hilux се појави кон средината на 2015 година, неколку години подоцна доби освежување, за оваа година да претрпи уште едно „шминкање“

Најголемите дизајнерски промени во обновениот Hilux за 2021 година се на предниот дел, а вклучуваат модифицирана решетка, светла, како и нов браник со поинакви отвори за воздух. Редизајнирани се и задните LED светла, а тука е и новиот дизајн на алуминиумските тркала од 17 и 18-инчи, како и проширената палета на бои (Emotional Red II, Dark Blue и Oxide Bronze).

Во салонот доаѓа нов инфо-забавен систем со 8.0-инчен екран, заедно со Apple CarPlay и Android Auto, како и JBL Premium Sound System со 9 звучници.

Секако дека треба да се спомене и побогатата опрема, која вклучува поширок список на системи за безбедност и помош на возачот (предупредување за судир, темпомат, предупредување за напуштање на лентата …).

Моторната гама сега вклучува нов 2.8-литарски дизел мотор со 150 kW / 204 КС и 500 Nm вртежен момент, а треба да се спомене дека модификација претрпело и потпирањето. Носивоста на возилото е 1000 килограми. Гамата вклучува 6-степен мануелен и 6-степен автоматски менувач, погон 2WD и 4WD, како и неколку верзии на каросеријата – Single Cab, Extra Cab и Double Cab.

Забрзувањето до 0 до 100 km/h трае точно 10 секунди, просечната потрошувачка на гориво е 7.8 л / 100 км, додека емисиите на СО2 се 204 g/km.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1abb5DJm_hIkWYYnjNZxUpHTUYtvt6O-6″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Обновениот Hilux на европскиот пазар доаѓа веќе во јули.