Opel Vivaro-e е првото електрично комерцијално возило на германскиот производител на автомобили и на пазарот пристигнува токму кога испораката на стоки и услуги без емисија на штетни гасови станува задолжителна во многу области

Достапно во три должини и со многу варијанти на каросерија, новото електрично Vivaro на професионалците им овозможува да ја искористат предноста на бескомпромисната нулта емисија, мобилност од врата до врата.

Нарачките треба да стартуваат ова лето, а првите испораки во текот на годината. Vivaro-e се произведува во ист погон и на иста линија како и дизел-верзиите.

„Како прво електрично лесно комерцијално возило (LCV) кое влезе во сегментот VAN-D пазарниот сегмент и со автономија до 330 километри според WLTP циклусот, новото Opel Vivaro поставува стандарди за лесна употреба, сигурност и професионализам“, вели извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.

Иако Vivaro-e е исто толку разноврсно и флексибилно како и секое друго Vivaro, неговата носивост е слична со оние LCV возила со мотори со внатрешно согорување: со 1.275 килограми, Vivaro-e нуди носивост на товар скоро исто како и 2.0-литарската верзија Cargo S.

Електричниот ван е исто така единственото електрифицирано возило што нуди опционален приклучок за приколка со максимален капацитет за влечење од 1000 килограми.

Купувачите на Vivaro ќе може да избираат помеѓу две верзии на литиум-јонската батерија, во зависност од потребите: со 75kWh за автономија до 330 километри или, за оние кои патуваат помалку километри на ден, 50kWh и автономија до 230km, според WLTP1 стандардот . Батериите се состојат од 18 или 27 модули. Бидејќи батериите се планирани уште од стартот, тие се наоѓаат под товарниот простор, така што тие не заземаат многу простор.

„Со моќност од 100kW (136 КС) и 260Nm вртежен момент, Vivaro-e нуди повисоки перформанси од повеќето електрични комерцијални возила. Електронски контролирана максимална брзина од 130 km/h овозможува голема брзина на автопат истовремено одржувајчи ја максималната автономија. Батеријата под товарниот дел дополнително го намалува центарот на гравитација, помагајќи му на VIvaro во кривините и стабилноста при налет на ветер дури и кога е целосно наполнето“, велат од Opel.