Италијанската компанија Maserati официјално го најави пристигнувањето на својот нов супермодел MC20

Maserati го најави MC20, но изгледот на овој автомобил ќе биде целосно откриен во мај, а како што веќе е соопштено, станува збор за еволуција на MC12, спортски двосед во ограничена серија.

Maserati објави фотографии од камуфлиран автомобил, а единственото нешто најавено од конмпанијаѕа е дека тие самостојно ќе развиваат V6 мотор самостојно.

Во 2021 година може да се појави и кабриолет верзија.

Maserati има сериозни планови за електрификација во наредните години, и веќе развива електричен погонски систем за да има електрични верзии на сите претстојни модели.