Ова е новиот Mercedes-AMG GT R Black Series / ВИДЕО
Mercedes како најава го објави првото видео во кое се прикажува претстојниот AMG GT Black Series
Најновата варијанта на Mercedes AMG GT е со значително ревидирана каросерија, екстремна аеродинамика и помоќен V8 мотор.
Наследникот на подеднакво бруталниот SLS AMG Black Series претходно можеже да се види со камуфлажа на Нирбургринг, каде што вредно ја „брусеше“ својата форма, за сега да можеме да го видиме во полн сјај. Очекувањата се исполнети затоа што ваков „див“ Mercedes денес е реткост, па дури и еден вида табу.
Автомобилот изгледа како да штотуку излегол од гаражата на некој реномиран тјунер. Со огромна Панамерикана решетка на предната страна и огромно двојно крило на задниот дел, овој автомобил јасно покажува зошто е тука. А дека може и мора да стори многу, јасно покажуваат проширувањата на калниците за уште поголема трага, како и бројните отвори за воздух.
Дел од нив ќе го ладат познатиот 4.0 twin-turbo V8, кој сега дава значително повеќе моќ. Се споменуваат над 710 КС и 850 Nm, што е значително повеќе од GT R Pro верзијата. Сè друго ќе зависи од вештината на возачот.
За цената ќе треба да се биде трпелив уште неколку дена до официјалната премиера.