Ова е новата, седма генерација на Ford Mustang! / ФОТО+ВИДЕО
Што се однесува до моторот, Mustang VII добива обновен 5.0-литарски V8 генерација IV мотор кој обезбедува уште подобар одговор и перформанси
Ford на салонот за автомобили во Детроит ја претстави седмата генерација на најпознатото и најпродавано спортско купе во светот – легендарниот Mustang.
Очекувано, нема дизајнерска револуција, стилот е многу сличен и повторно инспириран од неговите предци од 1964 и 1970 година. Напред се наоѓаат порамни и пошироки LED светка, поголеми отвори за струење на воздухот и реобликуван капак на моторот, а поголема е и решетката на ладилникот. Типично и препознатливо, задните светла се со три вертикални светлосни елементи, но сега со помодерен дизајн.
Понудата вклучува двe каросериски изведби, купе и кабриолет, како и моделот Dark Horse кој моментално е најмоќниот во понудата.
Изненадувањето доаѓа во внатрешноста: во кокпитот доминира гигантски заоблен инструмент кластер со 12.4-инчен екран пред возачот и 13,2-инчен централен екран за инфозабавниот систем Sync4. Контролите на климатизацијата исто така се преместени на централниот екран, а Apple CarPlay и Android Auto се стандардни.
Што се однесува до погонот, Mustang од седмата генерација добива обновен 5.0-литарски V8 мотор од четврта генерација кој обезбедува уште подобар одговор и перформанси.
Во претходниот Mustang, 5.0-литарскиот V8 испорачуваше до 460 КС, па се очекува одредено зголемување, но перформансите Ford ќе ги објави подоцна. Сепак, познато е дека покрај 10-степениот автоматик, во понуда останува и мануелниот менувач со 6 брзини со стандардната функција Rev-Match.
Иако сè уште не е потврдено, треба да се очекува и ревидиран 4-цилиндерски 2.3-литарски EcoBoost, кој ќе се нуди само со 10-степен автоматик.
Возачите во новиот Mustang на располагање ќе имаат до шест режими на возење: Normal, Sport, Slippery, Drag, Track, како и индивидуална поставка со „многу достапни профили“.
Пакетот Performance е стандарден кај верзијата GT и вклучува 19-инчни алуминиумски тркала (17 инчните се стандардни), диференцијал со ограничено пролизгување, Brembo сопирачки и спортски издув. Во однос на системите за помош на возачот и за безбедност, новиот Mustang ги превзема најновите безбедносни карактеристики од својот електричен пандан, Mustang Mach-E.
Ford Mustang
Ford Mustang Dark Horse
Деталите за почетокот на продажбата во Европа ќе се знаат наското, додека продажбата во САД ќе стартува следното лето.”