Ова е новата Mercedes T-класа, практичен и престижен семеен миниван / ФОТО+ВИДЕО
Новата Т-класа само формално се нарекува ван бидејќи ја нуди технологијата и удобноста на А-класата
Mercedes ја претстави новата T-класа, која сега е поелегантен и попремиум семеен модел базиран на комби моделот Citan претставен минатата година. Ќе биде достапен со мотори со внатрешно согорување, а наскоро доаѓа и целосно електрична EQT верзија.
Генерално, во споредба со Citan, T-класата нуди повисоко ниво на удобност, технологија и безбедност од традиционалната верзија на патничко комби. Разлики има и во изгледот, очигледен е актуелниот „дизајнерски јазик“ на Mercedes, особено во предниот дел каде се среќаваат хромираните рамки на решетката на ладилникот, оптимизиран браник и ретровизори во боја на каросеријата, исто како и рачките на вратите. На сето ова се додадени 17-инчни алуминиумски тркала и низа ексклузивни бои.
Што се однесува до електричниот EQT модел, досега виден само во атрактивна концептна верзија, се очекува да добие редизајниран преден и заден дел во споредба со T-класата (како што е случајот со EQA / GLA и EQB / GLB).
Новата Т-класа е долга 4.498 mm, широка 1.859 mm и висока 1.811 mm, што ја одржува во компактниот сегмент, додека меѓуоскиното растојание е 2.716 mm. Овие димензии ја поставуваат Т-класата под поголемата V-класа во гамата, додека во блиска иднина производителот на автомобили ќе понуди и T-класа со долго меѓуоскино растојание и до седум седишта.
Внатрешноста е слична на повисоките спецификации на патничкиот Citan Tourer, но на централната конзола се додадени некои попрестижни алуминиумски детали.
Дополнително, T-класата добива повеќе стандардни функции од личната програма на Mercedes, вклучувајќи MBUX инфозабава со 7-инчен екран на допир и компатибилност со Apple CarPlay / Android Auto. Карактеристиките вклучуваат палење на моторот без клуч, амбиентално внатрешно осветлување и тапацир од вештачка кожа Artico. Интересно е што контролите на климатизацијата се споделени со неколку модели на Renault.
Во однос на безбедноста, T-класата доаѓа со седум воздушни перничиња и различни ADAS системи за активна помош на возачот, а има и опционален пакет за помош при возење кој вклучува Active Distance Assist Distronic и Active Steering Assist.
Високата каросерија резултира со пространа кабина што го прави одличен избор за семејствата, љубителите на слободното време и спортот кои не сакаат автомобил кој мора да биде SUV, а лизгачките странични врати од двете страни се само предност поради практичноста и исклучително лесниот влез на задната клупа, која е доволно широка за да се сместат три детски седишта.
Зад задната клупа е најголемата вредност за семејството – огромен багажен простор. Прагот за товарење е спуштен на 56 cm, лизгачките врати се широки 614 mm и високи 1.059 mm, додека за пристап до багажниот простор од позади служи вратата со шарки на врвот. Задната клупа е делумно или целосно преклопена.
Со пазарното лансирање, Т-класата е достапна со дизел и бензински мотори, двата со две нивоа на моќност од 95 и 116 КС односно 102 и 131 КС. Турбо дизелот со 116 КС нуди и функција Overpower / Overtorque, благодарение на која може да се постигне привремено зголемување на моќноста до 121 КС, со вртежен момент до 295 Nm.
Покрај 6-брзинскиот мануелен менувач, двата модели, помоќниот дизел и бензинец можат да бидат опремени и со 7-степен менувач со двојна спојка (DCT).
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1WITLu5fptVzVwH6lvaOiWLMcajGDWKEu” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]