
Ова е најскапиот кампер во светот: „За 4,6 милиони евра, на клиентите им подаруваме специјален подарок“ / ВИДЕО
Volkner ги нуди сите традиционални содржини и простори како спална, кујна и бања, а посебната карактеристика е скриена во внатрешноста
За повеќето луѓе, камперите се возила кои нудат релативно достапен дух на удобност и практичност. Сепак, постојат и модели кои се потпираат на исклучителен луксуз и наликуваат на вистински куќи на тркала, поточно хотели со пет ѕвезди.
Германскиот Volkner Mobil Performance S ги нуди сите традиционални содржини и простори како спална соба, кујна и бања, а посебната карактеристика или подарокот кој доаѓа со камперот е скриен во внатрешноста. Имено, во гаражата на германскиот кампер се наоѓа бело La Ferrari.
Покрај гаражата, има и простор за два електрични велосипеди, скара на извлекување, маса, столици и складиште за пијалоци или други предмети.
Кујната има индукциона рингла, рерна, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, интегрирана машина за сечење, машина за еспресо…
Цената на камперот со подарокот од Маранело е нешто над 4,6 милиони евра.