Беверли во Источен Јоркшир е типичен англиски град, но сепак има едно обележје – раскрсница со дури 42 семафори

На неколку стотици метри пат, сè е шарено.

Мештаните овој феномен го нарекуваат Зона на црвени светилки, според округот во Амстердам каде сепак се одвива „друг вид сообраќај“.

Она што треба да ги загрижи локалните експерти за сообраќај се изјавите на мештаните кои велат дека сообраќајот се одвива многу подобро кога семафорите ќе се расипат односно кога не работат.

Локалните власти ангажирале и експерти, за таа раскрсница се зборувало и на разни форуми, но засега ставот е – подобро е ништо да не се менува.

Loading...