Ова е можеби најлуксузната канцеларија на тркала во светот!
Овој модифициран Mercedes-Benz Sprinter може да симулира дури и природна сончева светлина
Животот на секој ван може да има различна цел во зависност од тоа кого прашувате, но ако ви треба супер-луксузна мобилна канцеларија, проверете ја следната понуда.
Тјунинг студиото Klassen, кое е партнер на Mercedes Benz за конверзија на моделите од серијата V-Class и Sprinter, претстави ексклузивна луксузна мобилна канцеларија на тркала со бар, тоалет и огромен екран вграден во преграден ѕид.
Овој Mercedes-Benz Sprinter Klassen се продава, но по која цена? Никој не знае, а може да се дознае само по директен контакт со тјунерот и евентуален договор за купување.
Ѕидот го дели возачот од сопатниците позади, за кои на располагање се четири индивидуални седишта. Обложени со висококвалитетна кожа, тие имаат електрично прилагодување, како и функции за греење и вентилација.
Пијалоците може да се послужуваат во движење благодарение на минибарот, а има и вградена машина за кафе.
Сите прозорци се опремени со ролетни, а некогаш обичниот ван се „капе“ во вештачка светлина со амбиентален режим за порелаксирано патување.
Документите може да се потпишуваат на масата поставена помеѓу седиштата, која се преклопува и може да се собере. За контрола на различни функции на возилото се користат неколку мали таблети. А бидејќи сите модерни конструкции мора да имаат голем екран, и овде не недостасува еден, кој е вграден во преградата која го дели возачот од патниците.
Mercedes-Benz Sprinter Klassen има тоалет и мијалник, многу простор за складирање, а седиштата може да се претворат во кревети.
Од компанијата информираат дека конверзијата на вакво комбе трае приближно два до три месеци, а и по модификација на возилото останува оригиналната фабричка гаранција.