Ова е лицето на идните автомобили на Opel
Opel веќе една година е под капата на PSA групата, а овој мал јубилеј е означен со промотивен материјал за новиот концепт. Притоа е откриено и името на автомобилот кој ќе можеме да го видиме до крајот на тековната година
Се вика GT X Experimental и го најавува нов дизајнерски израз кој ќе ги краси идните автомобили на Opel. Новиот дизајн засега е видлив во предниот дел каде доминираат дневните LED светла вкомпонирани помеѓу транспарентна површина. За ваквото решение инспирацијата е пронајдена во дизајнот на мотоциклистичките кациги, поточно ннивниот визир.
„Ние мора строго да ги следиме вредностите на нашиот бренд во се што правиме, а тоа важи од идеја до развој и имплементација на нови возила, Сето ова е клучен елемент на нашиот план Pace. Идентитетот на нашиот бренд е нашата иднина pa па затоа ги упативме нашите дизајнерски и инженерски тимови да ги визуализираат оваа вредност преку концепт автомобилот. Како резултат на тоа, го имаме Opel GT X Experimental, кој премиерата ќе ја доживее пред крајот на годината“, вели Михаел Лохшелер, извршен директор на компанијата.
Судејќи според деталите за ентериерот што ги открива таблата, концептот има електричен погон. Со делумно наполнети батерии испишува автономија од 475 km, што претставува одлична најава за идниот електричен модел.
Во секој случај, тешко е да се поверува дека новата Corsa која ќе пристигне следната година ќе земе нешто од новиот дизајн додека новата Astra најавена за 2020 година секако да.