Ова е Hoonipigasus, тркачкиот автомобил со кој Кен Блок повторно ќе го „нападне“ Pikes Peak
Дизајнот е инспириран од култниот колорит „Pink Pig“ од тркачкото Porsche 917/20 за Ле Ман од 1971 година со розова нијанса
Кен Блок и Hoonigan Racing Division го претставија својот најнов тркачки автомобил направен од BBi Autosport. Hoonipigasus, како што се нарекува, главно се базира на Porsche 911 930 и користи централно поставен мотор од 1400 КС, екстремна аеродинамика и специјална розова боја што му оддава почит на тркачкото минато на Porsche.
Тркачкиот автомобил, кој се натпреварува во класата PPO (Pikes Peak Open), е опремен со 4.0-литарски твин-турбо боксер мотор со модифициран за неверојатни 1400 КС.
Што е уште поважно, тој повеќе не е на задниот дел, туку на средината и ја испраќа моќноста на сите четири тркала. Вкупната тежина е ограничена на само 1.000 кг, а што се однесува до суспензијата, таа може да се прилагоди по висина врз основа на GPS-податоци кои користат телеметрија од минатогодишната трка.
Визуелно, Hoonipigasus исто така добил големи модификации. Масивниот преден сплитер и огромното задно крило се способни да ја создадат потисна сила потребна за Pikes Peak.
Тие се комбинирани со ултра широки предни и задни браници со отсечен крај кој личи на Буба, довод на воздух на покривот и ducktail спојлер, а тука е и сетот моноблок тркачки бандажи со широки Toyo гуми.
Колорниот дизајн на каросеријата е дизајниран од Тревор Ендру, познат и како Guccighost, поранешен олимписки сноубордер, музичар и уличен уметник.
Дизајнот е инспириран од култниот колорит „Pink Pig“ од тркачкото Porsche 917/20 за Ле Ман од 1971 година со бела и црна графика на розова нијанса, плус црвено обоениот амблем Pegasus Mobil 1 кој е главен спонзор.
Pikes Peak Hill Climb е една од главните причини зошто сум рели возач. Списокот на возачи кои се тркале и победиле на оваа патека вклучува многу од моите херои: Валтер Рорл, Ари Ватанен, Мишел Мутон, Себастиен Леб и Род Милен. Отсекогаш сакав можност да се тркам на Pikes Peak на највисоко ниво и да се натпреварувам за севкупна победа.
Имајте во предвид дека ова нема да биде прво возење на Блок на Pikes Peak – во 2005 година таму возеше рели автомобил на Групата Н, додека во 2017 година го сними филмот „Climbkhana: Pikes Peak“.
Трката е закажана за 26 јуни годинава.