НАЈГОЛЕМОТО возило со погон на водород е високо три ката и има погон што може да напојува помала населба

Го претставува Anglo American, а се работи за огромен камион кој ќе се користи за транспорт на руда. Овој камион тежи 200 тони и може да транспортира дури 290 тони руда во исто време.

Сето тоа го овозможува моќниот водороден погон, кој се состои од осум горивни ќелии со вкупна моќност од 2000 kW, односно 2719 КС. Погонот за nuGen е дизајниран од компанијата First mode, а покрај горивни ќелии и електромотори, вклучува и огромна Li-Ion батерија со капацитет од дури 1,2 MWh.

Развојот на камионот траел цели три години и тоа е само почеток во промената на возниот парк на оваа компанија. Планот е водороден погон да добијат најмалку 40 од околу 400 камиони во нивниот возен парк. Во подоцнежна фаза, модернизацијата ќе отстрани до 80% од емисиите на CO2 од возниот парк на компанијата. Засега не е познато дали вакви камиони ќе бидат понудени и од конкуренцијата.

Штета е затоа што таквите камиони согоруваат околу 900.000 литри гориво годишно, што значи дека секој камион со водород би ја намалил емисијата на CO2 за дури 700 автомобили годишно. Дополнителен плус е што водородот потребен за погонот ќе се произведува на местото на работа на камионот, во согласност со сите еколошки упатства.