Освежување за Toyota Camry за моделната 2021 година / ФОТО
Најголемиот од европските седани на Toyota, две години по официјалното деби, помина низ процес на рестилизација
Јапонците го освежиле изгледот на моделот, како и опремата, со што Camry станува уште попривлечен предлог за оние кои бараат модел од средна класа.
Првата визуелна промена која веднаш паѓа во очи е редизајнираниот преден дел. Благодарение на новата форма на браникот со големи отвори за воздух, Camry изгледа подинамично и поимпресивно. Новата форма е и причина моделот да изгледа пошироко од неговиот претходник, иако ова е само визуелно.
Тука се и новите LED задни светла со малку поинаква графика, додека фелните со нов дизајн доаѓаат во големини од 17 и 18 инчи. Toyota ја надополнила понудата на бои со нова металик сива боја на каросеријата и нов дизајн на кожните седиште. Сепак, најважно е што влегува внатре.
Првенствено станува збор за ажурираната мултимедија со 9-инчен екран, кој сега е поставен повисоко, што секако ја олеснува работата на возачот. Вреди да се напомене дека производителот не се откажал од физичките типки кои ја олеснуваат работата. Се разбира, тука се и функциите Android Auto и Apple CarPlay.
Списокот на системи за поддршка на возачот скриен во форма на решение наречено Toyota Safety Sense е исто така подолг. Тука е (PCS) системoт за откривање на пешаци и велосипедисти, спречување на фронтални судири и избегнување судири на раскрсници.
Покрај тоа, треба да додаде автоматското забавување пред свиоците, заедно со интелигентната контрола на крстарење IACC што ја прилагодува брзината на обележувањето на патот. Помошникот кој го одржува возилото на сообраќајната лента сега се очекува да биде попрецизен и попредвидлив.
Промени во моторната гама нема. Camry во Европа останува достапен само како класичен хибрид односно комбинација на 2.5-литарски 4-цилиндерски бензинец и еден електромотор, со вкупни 218 КС на располагање за возачот.
Освежената Toyota Camry во салоните доаѓа од средината на 2021 година.