Еден од најпопуларните модели на SEAT, компактниот SUV модел Ateca, е претставен во малку „подмладено“ издание, кое вклучува побогата опрема и посовремени единици

Иако оваа година, поради веќе добро познатите причини, голем број на автомобилски премиери се или поместени или откажани, не може да се каже дека има недостаток на „подмладени“ или рестилизиринаи модели, чија продажба треба да почне наскоро..

Така, после четири години на пазарот, SEAT ги затегна „брчките“ на својот компактен SUV модел Ateca, а покрај визуелните подобрувања, имплементирана е малку побогата опрема, заедно со посовремени погони.

Визуелно, рестилизирана е решетката на ладилникот, како и светлосните кластери во LED технологија (LED задни светла се достапни во пакетите опрема FR и Xperience), издувните цевки, а благодарение на новите предни и задни „браници“, Ateca во должина пораснала за 18 милиметри. За прв пат е присутна ознаката Ateca во пишана форма.

Повисоките пакети на опрема, FR, како и новиот Xperience (замена за Xcellence), се визуелно различни од остатокот на понудата, а особено се атрактивни офроад деталите во Xperience опремата.

Кога станува збор за ентериерот, Ateca добила нова дигитална инструментација од 10,25 инчи, како и ажуриран инфозабавен систем, кој, во зависност од пакетот на опрема, доаѓа со дисплеј од 8,25 и 9,25 инчи, соодветно. Тука е и системот за препознавање глас, слотот за eSIM картичка, безжично полнење на телефон…

Кога станува збор за погонот, тука е надградениот 1.0-литарски 3-цилиндерски TSI момтор, кој може да се пофали со турбина со променлива геометрија и оптимизиран процес на согорување, што резултира со зголемување на горивната економија за околу 10 проценти.

Покрај него, тука е и 1.5-литарскиот TSI со четири цилиндри, кој опционално се испорачува со DSG менувач, додека врв на понудата е 2.0 TSI турбо бензинец со 190 коњски сили, DSG менувач и погон на сите четири тркала.

Дизел агрегатот 1.6 TDI е исфрлен од понудата која сега започнува со 2.0-литарски TDI мотор со 115 коњски сили, а достапна е и помоќна верзија со 150 КС. За сега нема хибридни верзии, кои не се најавени ниту за понатаму.