Четвртата генерација на Mazda 2 на пазарот е веќе пет години, но дури сега добива „освежување“

Промените во изгледот се суптилни, што и не е така лошо, бидејќи моделот се уште е еден од најелегантите модели во својата класа. Поголем фокус е ставен на ентериерот кој презел некои елементи од дизајнот на новата Mazda 3. Внатрешноста е поотмена, а новите предни седишта нудат поголема удобност.

Сепак, главните промени се однесуваат на новите технологии кои Mazda 2 ја прават побогата од кога и да е. Тука пред се семисли на прилагодливите LED фарови, 360° системот за надгледување, препознавање на сообраќајните знаци, следење на линијата на движење….

Унапредена е и суспензијата за да обезбеди поудобно возење, а достапни се и волан со грејач, прилагодливо возачко седиште во шест насоки, темпомат, самозатемнувачки ретровизор, додека мултимедијалниот систем е со поддршка за Apple CarPlay и Android Auto.

Во Европа Mazda 2 ќе доаѓа исклучиво со погон на сите четири тркала, а во понуда е 1.5-литарски SKYACTIV-G бензински мотор со 75 и 90 КС со шест-степен мануелен или автоматски менувач.

За разлика од Европјаните, Јапонците ќе имаат можност да го купат овој хечбек од B-сегментот и со нов 1.8-литарски SKYACTIV-D дизел и погон на сите четири тркала.

Продажбата во Европа започнува во почетокот на 2020 година.