Новиот автомобил секогаш ќе ве чини повеќе отколку што е наведено во истакнатата цена

Поранешен продавач на автомобили и експерт за продажба, Мет Џонс, предупредува за голема грешка која купувачите ја прават при купување на ново возило.

„Луѓето се фокусираат на ратата која треба да ја плаќаат за автомобилот и забораваат да ги додадат други трошоци што доаѓаат со автомобилот, како гориво, одржување и поправки“, објаснува Џонс.

Цената за осигурување е исто така многу важна, особено ако купувате нов автомобил.

„Важно е при купувањето да ги согледате сите страни“, додава тој.

Особено не треба да се заборават „скриените“ цени кои доаѓаат со купувањето на автомобилот, како што се намалување на вредноста на возилото со текот на годините и зголемување на километражата, менување на маслото и замена на гумите и сопирачките.

Ако купувате од овластен дилер, многу е веројатно дека ќе ви понуди разни додатоци – од дополнителни гаранции до боја.

„Ќе ви бидат презентирани толку многу различни работи за кои ќе помислите дека треба да купите барем нешто од тоа. Треба да бидете подготвени за тоа. Ако сакате некои додатоци, тогаш купете, но ако не сакате нешто, тогаш е во ред да се каже „не“, заклучува Џонс.