Со новиот изглед и технологија, освежениот i30 во верзијата N продолжува да го привлекува вниманието како еден од најдобрите новитети во светот на таканаречените hot-hatch автомобили.

Автомобилот е дизајниран да има малку поагресивен изглед и тело со низок центар на гравитација што ги рефлектира квалитетите на неговите перформанси.

Јасен приказа за тоа даваат предните браници со поагресивен изглед со големи отвори за воздух и каскадна решетка на ладилникот, заедно со ексклузивните 19-инчни тркала на кои е врежано логото N и сопирачките со високи перформанси со црвени N-вилушки. Тука е и аеродинамичниот заден спојлер со триаголни стоп светла во комбинација со заден браник и две спортски издувни цевки.

Во спортски преуредениот салон, нормално доминираат длабоко профилираните спортски седишта. Дури потоа ќе ја приметите новата генерација на инфо-забавниот систем со поголем екран. Интересно, задржани се аналогните инструменти.

Автомобилот сè уште го придвижува 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо-бензинец, чија моќност во основната верзија е 250 КС со 353 Nm, но во комбинација со Performance пакетот е зголемена од 275 на 280 КС и 392 Nm. Забрзувањето до стотка со Performance пакетот е 5,9 секунди.

Очекувано, автоматскиот менувач со себе носи три работни програми (N Grin Shift, N Power Shift и N Track Sense Shift), а тука е и функцијата overboost за која се „кријат“ 20 секунди супербрзи реакции на моторот и менувачот.

Цените за моделот не се објавени.