Освежување за Fiat Tipo + нова верзија Tipo Cross / ФОТО
Во изминатите месеци, можеа да се видат бројни шпионски слики на рестилизираниот Tipo, а вчера италијанскиот производител официјално да ја претстави обновената гама на овој модел, кој вообичаено се произведува во Турција
Обновениот Tipo визулано најмногу се разликува однапред, каде што има нова решетка со голем натпис FIAT, поинаков браник, нови LED светла и хромирани детали.
Вреди да се споменат LED задните светла како и новите алуминиумски тркала од 16 и 17 инчи.
Промени има и во внатрешноста, а се издвојуваат новата 7.0-инчна дигитална инструмент табла, UConnect 5 – мултимедијалниот систем со 10,25-инчен екран, како и рафинираниот волан и рачката на менувачот.
Семејството Tipo за моделната 2021 година, покрај стандардните седани, верзии HB и SW, сега вклучува и нова верзија, про теренецот Tipo Cross.
Tipo Cross е базиран на Type HB, и доаѓа со дополнителни елементи за заштита на каросеријата, поцврсти браници, сребрени елементи, поголеми алуминиумски тркала и нови гуми, зголемен клиренс (+ 40 mm) и изменета суспензија.
Новости има и во опсегот на моторитe. Тука е новиот 1.0-литарски 3-цилиндерски бензинец со 74 kW / 100HP и 190 Nm вртежен момент (сегашниот е 1,4-литарски со 70 kW / 95HP и 127 Nm), а ажуриран е и 1.6-литарскиот дизел Multijet кој развива до 96 kW / 130hp (зголемување од 7 kW / 10кс). Ќе и има послаб дизел мотор со 70 kW / 95 ks во опсегот.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1lXgDDh-fy8A2Avub3Mn1I0uvbU2Z6zdF” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]