
Освежување за Audi Q2: суптилна стилизација и ажурирана технологија
Audi ја претстави ажурираната верзија на својот најмал теренец
Audi Q2 за 2020 година претрпел промени во предниот дел каде што решетката на ладилникот сега е поместена пониско за да се создаде впечаток дека автомобилот е поширок. Изгледот на решетката одговара на дизајнот на дифузерот позади. Предните отвори за воздух се исто така со различна форма, а подобро опремените верзии имаат три тесни летвички помеѓу капакот на моторот и решетката на ладилникот. Овие детали се инспирирани од легендарниот рели автомобил Quattro.
Како и поголемиот Q5, обновениот Q2 има нови LED светла како стандард, додека најдобро опремените верзии доаѓаат со Matrix LED технологија. Оваа технологија го контролира осветлувањето и не ги вознемирува другите учесници во сообраќајот. Тука се и динамичните задни трепкачи.
Кога станува збор за внатрешноста, тука е новата рачка од менувачот, и за мануелната и за автоматската верзија, отворите за вентилација се редизајнирани, а користени се и нови материјали. Q2 е опремен и со прилагодливи предни седишта.
Дел од секоја опрема е електричната задна врата, приклучок за паметен телефон, задни паркинг сензори и адаптибилен темпомат.
Верзиите Sport, S Line и Black Edition се карактеризираат со 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 8.3-инчен инфо-забавен дисплеј, кој исто така може да се управува со помош на ротирачки контролер или говорни команди. Овие модели доаѓаат со спортски предни седишта и повеќе режими на возење.
Верзиите Sport и подобрите ја имаат најновата генерација на MMI Navigation Plus софтверот кој нуди информации за сообраќајот, времето, цените на горивата и овозможува далечинско заклучување и повици за итни случаи.
Опремата Black Edition вклучува црни детали за надворешноста, како и уникатни алуминиумски тркала од 19 инчи, адаптивна спортска суспензија, задна камера, дополнителна опрема за безбедност и адаптибилен темпомат.
На почетокот од продажбата ќе биде достапен само еден мотор, а тоа е 1.5-литарски 4-цилиндерски турбо-бензински мотор кој развива 150 КС и 250 Nm вртежен момент. Може да се спои со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач.
Останатите бензински и дизел мотори се очекуваат до крајот на годината, а некои ќе бидат спарени со погон на сите четири тркала. Сите мотори ќе го исполнуваат стандардот за емисија Euro 6.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1eHI5OA5zWilaQvTm2_F81FH5bviJMOIG” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Порачките за ажурираниот Q2, Audi ќе започне да ги прима од октомври.