Oсвежените Seat Ibiza и Arona се збогуваа со дизелот / ФОТО+ВИДЕО
Градскиот модел и кросоверот Arona добиваат верзии на природен гас
Петтата генерација на Seat Ibiza официјално беше претставена на 31 јануари 2017 година, па дојде време за сериозно освежување, кое вклучува промени дизајнерски корикции, како и нови технологии и надградена моторна гама.
Од појавувањето на Ibiza во 1984 година, моделот е продаден во 6 милиони примероци, така што дури и освежувањето на актуелната генерација е сериозен настан за урбаниот шпански модел. Промените во неговиот дизајн вклучуваат нова LED оптика, која е вклучена во стандардната опрема со можност за целосни LED светла. Достапни се и нови тркала од 17 и 18 инчи, а логото на Ibiza согласно трендовите е поставено на багажникот.
Промените во салонот не се значајни, бидејќи во голема мера се повторуваат од претходната верзија. Сепак, екранот на инфо-забавниот систем е зголемен на 9,2 инчи, но како опција. Тоа значи дека стандардно екранот од мултимедијата е 8,25 инчи, но сега компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay и може да се поврзе безжично.
Системот извршува говорни команди, како на пример дестинација во системот за навигација. Апликацијата Seat Connect исто така ви овозможува да го проверите нивото на горивото и заклучувањето на вратите во реално време, а исто така и предупредува кога автомобилот ќе го надмине ограничувањето на брзината.
Ажурираниот Seat Ibiza е опремен и со нови асистенти за возачот, почнувајќи од Travel Assist, кој овозможува малиот автомобил да претендира за ниво на автономно возење 2. Овој систем комбинира адаптибилен темпомат и поддршка за одржување во кокловозната лента.
Промени има и во моторната гама. Уште пред неколку месеци, Seat објави „пензионирање“ на 1.6-литарскиот (TDI) 4-цилиндерски мотор со 95 КС, што значи дека во понудата веќе нема дизел единици. Наместо тоа, тука е верзијата на природен гас со 1.0-литарски TGI со 90 КС, во комбинација со 6-степен мануелен менувач.
Бензинската понуда ја чинат атмосферски 1.0-литарски MPI мотор со 4 цилиндри и 80 КС, два 3-цилиндерски 1.0-литарски TSI со 95 и 110 КС, како и 1.5-литарски TSI мотор со 4 цилиндри кои развива 150 КС и е комбиниран со 7-степен роботски менувач DSG.
Промените кај кросоверот Arona, кој дебитираше во 2017 година се слични. На предниот дел на моделот се поставени и нови светла за магла. Браниците се различни, а како и кај Ibiza, името на моделот се појавува на багажникот.
Ажурираната Arona исто така ќе биде достапна само со бензински мотори – 1.0 TSI (95 КС) во комбинација со 5-степен мануелен менувач, 1.0 TSI (110 КС) со 6-степен мануелен менувач или 7-степен DSG како и 1.5 EcoTSI со 150 КС. Како и кај Ibiza, постои варијанта на природен гас со 1.0 TGI мотор. Развива 90 КС, во комбинација со мануелен и автоматски менувач.